Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најдовски: Моето срце ќе биде црвено црно засекогаш и ќе бидам со мислите во овој клуб
Најдовски: Моето срце ќе биде црвено црно засекогаш и ќе бидам со мислите во овој клуб

Најдовски: Моето срце ќе биде црвено црно засекогаш и ќе бидам со мислите во овој клуб

Филип Најдовски e следниот од шампионската генерација кој се збогуваше од Вардар. Најдовски во својот Фејсбук статус вели дека се што е убаво има и свој крај и дека неговото срце ќе биде црвено и црно засекогаш.

Целиот статус на Најдовски во продолжение:

За жал, се што е убаво има крај. Дојде денот кога заминувам од клубот во кој ги доживеав. најубавите моменти во мојата досегашна кариера. Благодарам на честа да бидам дел од најголемиот клуб во земјата, да бидам дел од генерацијата која го врати Вардар таму каде што му е местото, на чувството да се биде дел од едно вистинско фудбалско семејство. Огромна Благодарност до сите соиграчи, членови на стручен штаб, на комплетната управа, на најдобрите навивачи, на сите кои имаат поврзаност со нашиот најголем клуб. Моето срце ќе биде црвено црно засекогаш, и ќе бидам со мислите во овој клуб, ќе се радувам на секој иден успех. Со надеж и желба дека во иднина повторно заедно ќе се радуваме и ќе ги остваруваме своите соништа.

Eден живот, една љубов

Ваш
Филип Најдовски