Вечерва со настапите на турнирот во Струга, ќе стартува и екипата на Вардар. Прв противник за избраниците на Алушовски ќе биде тимот на Охрид.
Охрид вчера го одигра првиот меч на турнирот, каде во драматичен финиш со еден гол разлика го победи тимот на Бутел. Вечерашниот натпревар ќе биде прв во подготвителниот период за црвено-црните, кои ќе се обидат да стигнат и до првата победа.
На теренот во Струга ќе се појават неколку нови имиња во Вардар, како голманот Кантегрел, потоа Талевски, Георгиески, Гаџа, Вујин, Јотиќ, Векиќ и Валчак, кои ќе дебитираат во црвено-црниот дрес. На дело ќе го видиме новиот состав на Вардар, за кој натпреварите во Струга ќе претставуваа силна подготовка за предизвиците што им претстојат во рамките на СЕХА и Лигата на Шампионите.
Вардар е фаворит во групата и не би требало да има проблеми околу пласманот во големото финале, кое на програмата е во недела. Вечерва мечот стартува од 21:15 часот со директен пренос на МРТ-3.