Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ново “епско“ финале помеѓу Вардар и Веспрем, кој ќе биде новиот владател на Балканот

Ново “епско“ финале помеѓу Вардар и Веспрем, кој ќе биде новиот владател на Балканот

Вечерва со почеток од 20 часот се игра големото финале на СЕХА-лигата. За новиот владател во шесттата сезона на ова натпреварување ќе се борат екипите на Вардар и Веспрем. Ова ќе биде реприза на финалето од минатата сезона, кога во Вараждин се сретнаа овие две екипи и Веспрем славеше со резултат 28:26. Сега очекуваме поинаков тек на настаните и нов шампион во ова натпреварување. Црвено-црните со играта против ППД Загреб покажаа дека силно го посакуваат трофејот и дека се дојдени во Брест само со една цел. Ова е вистинска прилика да се одмаздиме на Унгарскиот шампион за споменатото финале, кога нијанси го одлучија конечниот победник. Ова ќе биде трето соочување на Вардар и Веспрем, во оваа натпреварувачка сезона. Во регуларниот дел од СЕХА-лигата одигравме два натпревари. Првиот одигран во С.Ц. Јане Сандански го добивме убедливо со резултат 29:22, додека на реваншот во Веспрем игравме со нерешен резултат 28:28. Тие мечеви остануваат зад нас и она што не интересира е денешната игра и пристап кон овој меч.

Веспрем втора сезона по ред се пробива во финалето, со голема доза на среќа во дуелите со Брест Мешков. Иако во еден момент изгледаше загубен полуфиналниот натпревар, избраниците на Сабате се изборија за нерешен резултат, што значеѓе директно изведување на пенали. Таму по еден удар одбранија двата голмани, Миклер и Алиловиќ, кои го внесоа Веспрем во ново епско финале. Денешните учесници во борба за златото се и меѓу најдобрите осум екипи во Европа во оваа сезона, со можност и шанси да се најдат на завршниот турнир од лигата на шампионите. Секој има свои адути и опасности кон еден од двата гола. Доволно се познаваат за да има некакви изненадувања, околу поставување на играта од страна на двајцата тренери. Ова е последна сезона за Сабате на клупата на Веспрем, кој најавува нова ера во ракометот со преземањето на Врањеш.

Гонзалес и неговите избраници ќе сакаат да се одолжат на навивачите за непланираниот пораз од Металург и со трофеј да се вратат во Скопје, кој ќе биде прв за нив оваа сезона, вкупно трет во оваа лига со што ќе станат најтрофејни во СЕХА-лигата. Да не трошиме зборови, оставаме на актерите на двете екипи вечерва да го кажат последниот збор и да го одлучат новиот победник. Пренос ќе можете да проследите на МТВ-1.Се надеваме дека на тронот ќе биде Вардар и само ќе го најави двомечот со Фленсбург, а може и толку посакуваниот пласман на Ф4 во Келн.