Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ново големо признание за РК Илинден Вардар регрутирани 4 нивни членови кои играа во “Јуниор лигата“ во младите категории на Вардар
Ново големо признание за РК Илинден Вардар регрутирани 4 нивни членови кои играа во “Јуниор лигата“ во младите категории на Вардар

Ново големо признание за РК Илинден Вардар регрутирани 4 нивни членови кои играа во “Јуниор лигата“ во младите категории на Вардар

Веќе се покажува дека големиот проект со ракометните школи низ земјава кој влегоа во големото црвено-црно семејсво ги дава првите резултати. Нивниот настап во Јуниор лигата овозможи напредок и голема шанса за надоградување на младите ракометни надежи со нови знаења и шанса да бидат препознаени и регрутирани за тимовите на Вардар. На новата селекција за регрутирање на играчи во младите  категории ракометната школа на Вардар која фунционира во скопската населба Илинден успеја да и бидат регрутирани 4 нивни члена , што е само продолжување на нивниот успех тие лани “дадоа“ девет играчи за Вардар. Школата која фунционира веќе деценија наназад и која влезе во проектот на Вардар за младински школи низ земјава е вистинска прилика младите идни ракометари да ја научат оваа прекрасна игра. Причина за ваквиот нивни успех на регрутацијата е професионалниот пристап на тренерскиот двоец Александра Јанев и Дарко Јанев. Дарко е поранешен играч на РК Вардар и се уште актуелен ракометар кој е идол на младите ракометари . Овој тренерски двоец со голем ентузиазам и ја пренесува љубовта кон ракометот на помладите , а квалитетниот тренажен процес беше потврден со вака големиот број на одбрани играчи за пополнување на вардаровите црвено- црните ракометни пионерски категории. Голема прилика за надоградување е настапот во вардаровата “Јуниор лига“ каде членовите на РК Илинден се натпреваруваат со својте врсници. Веќе договорени се “регрутирањата“ на следниве играчи:

  • Виктор Крстевски – Лево крило -роден 1999 година.
  • Јоаким Ангеловски- Голман роден 2000 година.
  • Дамјан Јакимовски – Десно крило роден 2000 година.
  • Бобан Стојановски- Лев Бек роден 2000 година( е земен малку порано останатите негде на почетокот од оваа година)

Од ракометната вардарова школа РК Илинден Вардар се задоволни од квалитетот што го создаваат низ напорна работа со младите ракометни надежи. Тие посебно се горди на фактот што оваа сезона се повикани четири нивни играчи за во младите категории на ракометниот клуб Вардар и што се очекува повик и за уште два нивни члена од кои би настапиле за генерацијата 2002/03. Покрај ова го потенцираат фактот што лани рекордни девет нивни пулени завршија во редовите на црвено-црниот ракометен колектив. Тие и понатаму ќе продолжат да настапуваат во големиот црвено-црн проект ракометата Јуниор лига која помага за создавањето на ракометни таленти.