Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Претстојниов викенд ќе се одигра ново коло коло во ракометната „Јуниор“ Лига
Претстојниов викенд ќе се одигра ново коло коло во ракометната „Јуниор“ Лига

Претстојниов викенд ќе се одигра ново коло коло во ракометната „Јуниор“ Лига

Во СЦ „Јане Сандански” на 9 и 10 март, сабота и недела, се игра шестото коло од Вардар Јуниор лигата во организација на Ракометната академија Вардар. Натпреварите в сабота стартуваат во 9.20 часот, а в недела во 9.30 часот. Најмладите членови на лигата натпреварите во мини ракомет ги играат во сабота со почеток од 10 часот.
На распоредот повторно се натпревари во машка и женска категоријата со тимови од Прилеп, Делчево, Скопје, Велес, Куманово, Кичево и Охрид. Момчињата играат во категориите 2004/05, 2006/07 и 2008/09. Додека девојките се во категорија 2006/07.

Распоред на натпреварите од 6. коло: saatnica_0910.03.2019.pdf