Во рамките на 10.коло во кадетската ракометна лига, екипата на Вардар ќе биде домаќин на ЗРК Голден Арт КЛ7.
Натпреварот е закажан да се одигра во сабота (11.03) во спортската сала на „ОУ Круме Кепески“ со почеток од 11:00 часот. Драган Начевски и Матеј Николов од Скопје ќе бидат судии, додека за делегат е назначен Душко Камишевски.
Пред овој натпревар, Вардар се наоѓа на 2.место со 21 освоен бод, додека ЗРК Голден Арт КЛ7 е на 5.место со 15 бодови.