Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Српскиот „бомбардер“ доаѓа во Вардар!?
Српскиот „бомбардер“ доаѓа во Вардар!?

Српскиот „бомбардер“ доаѓа во Вардар!?

Актуелниот Европски шампион Вардар, полека но сигруно го комплетира ростерот за новата натпреварувачка сезона. Откако и официјално Гоце Георгиевски стави потпис на две-годишен договор со ,,црвено – црните”, останува уште само пополнување на позициите централен и десен бек.

Токму на позицијата десен бек се чини дека Вардар најде решение во името на Српскиот „бомбардер“ Марко Вујин. И двете страни веќе извесно време се во контакт.

Вујин играше за Спортинг минатата сезона, а во својата богата кариера настапуваше за екипите на Кил, Веспрем, Дунафер и Синтелон. Со селекцијата на Србија го освои сребрениот медал на Европското првенство во Белград во 2012 година.

За потсетување, на позицијата десен бек, Вардар во овој момент го има Томислав Јагуриновски кој е старо – нов играч на тимот.