Thursday ,25 February 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар носи нов ракометар, Дарко Ѓукиќ од следната сезона во црвено-црниот дрес
Вардар носи нов ракометар, Дарко Ѓукиќ од следната сезона во црвено-црниот дрес

Вардар носи нов ракометар, Дарко Ѓукиќ од следната сезона во црвено-црниот дрес

На средина од актуелнава натпреварувачка сезона, екипата на РК Вардар обезбеди две нови засилувања во наредниот период.

Официјално од вчера нов играч на Вардар е репрезентативецот на Црна Гора, Васко Шеваљевиќ кој до крајот на сезоната ќе го носи црвено-црниот дрес, а со него е постигната соработка и за наредната сезона.

Нов играч на Вардар ќе биде и повремениот српски репрезентативец, десното крило, Дарко Ѓукиќ, кој ќе биде замената за Чупиќ кој од наредната сезона се сели во екипата на Загреб.

Според пишувањето на „Балкан Хендбол“, Ѓукиќ и Вардар се договориле на соработка во наредните три сезони, почнувајќи од следната. Ѓукиќ моментално е член на Спортинг Лисабон, додека играше и во Македонија за Металург, како и за Киелце и Брест Мешков.