Ракометарите на Вардар беа подобри од екипата на Партизан, на натпревар од 2.коло во СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански нашиот ракометен шампион стигна до првиот триумф во ова натпреварување. Повратникот во екипата, Томислав Јагуриновски, беше стрелец на два гола. Пред медиумите го искажа своето мислење за натпреварот.
-Честитки до Партизан за одличниот натревар. Многу е убаво пак да играш во полна сала, пред добри навивачи. Се надевам ваќа ќе биде и во иднина. Овој натпревар го одигравме лошо, не исполнивме дел од барањата на теренот. Исто и јас се надевам дека ќе се воиграме и ќе се покажеме во вистинско светло.
-Советите беа да се игра подобро и побрзо. Тој натпревар во Прешов не беше реалната слика, а исто е и денес. Се трудиме да играме добро во одбрана и бргу да напаѓаме, па ќе видиме. Очекувам да ја освојам двојната круна со Вардар 1961 во продолжението на сезоната.