Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Понесени од најдобрите навивачи успеавме да победиме
Недановски: Понесени од најдобрите навивачи успеавме да победиме

Недановски: Понесени од најдобрите навивачи успеавме да победиме

Вардар стигна до првиот триумф сезонава во СЕХА-лигата, откако на домашен терен беше подобар од тимот на Партизан. Црвено-црните имаа предност во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено стигнаа до победа со резултат 31:26. После завршување на натпреварот своите впечатоци ги сподели тренерот на Вардар, Владо Недановски кој го изјави следново:

„Ни недостигаа два ракометари во ротација, ама покажавме слабост и во напад и во одбрана и ова не е сликата на Вардар. Мечот го реши само индивидуалниот квалитет и искуството. Играта не ни беше на ниво. Имавме добри моменти, ама и недозволиви падови. Сепак, понесени од најдобрите навивачи победивме. Се надевам победите во иднина ќе бидат во низа. Сепак, кога ќе се комплетираме тогаш ќе се обидеме да ја добиеме сликата за Вардар за втората полусезона, а од засилувањата очекувам да се зацврстиме во во одбрана и во напад. Очекувам веќе на следниот меч со Татран да има подобрување. Со Маркоски и Аларов добивме универзалци во одбрана, а и Дутра се адаптира“