Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар на „крилјата“ на Комити стигнаа до победа против Партизан
Вардар на „крилјата“ на Комити стигнаа до победа против Партизан

Вардар на „крилјата“ на Комити стигнаа до победа против Партизан

Со голема поддршка од навивачите, РК Вардар успеа да стигне до првата победа сезонава во СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните беа подобри од екипата на Партизан со резултат  31:26.

Вардар во текот на целото прво полувреме беше во предност, која во еден момент изнедуваше и четири гола разлика. Талески го отвори натпреварот со гол, додека Манасков во 7 минута донесе и предност од два гола, но екипата на Партизан по 9 минути игра успеа да го израмни резултатот на 4:4. Во овој период по четири одбрани на голот имаа Томовски и Трнавац. Талески беше расположен за игра со својот трет гол од исто толку обиди донесе водство од 7:5. Игравме брзо во нападот, додека тренерот Недановски ротираше со составот на теренот. Благодарение на петтата одбрана на Томовски, Вардар успеа да поведе со 12:8  во 19 минута откако противничката мрежа ја затресе Манасков. Истата разлика ја имавме и во 24 минута кога Талески погоди за 14:10, но до крајот на првиот дел тимот од Белрад се избори за преполовување на негативата, на одмор се замина со резултат 16:14. Голема поддршка имаше Вардар од своите Комити кои во текот на целиот меч го бодреа својот миленик.

328037676_1802503486797447_4620397620028824727_n

Гледавме брзо темпо на игра и во вториот дел од страна на двете екипи. Вардар не успеваше да се одлепи, а противникот успеа во 37 минута да го израмни резултатот на 19:19, по што Недановски побара минута одмор. Се играше гол за гол, но црвено-црните беа постојано во предност, а Георгиевски во 48 минута ни донесе предност од 24:21. Томовски денес беше одличен, со неговата зицер одбрана, вкупно 11 го спречи Партизан повторно да се врати во натпреварот. Полека се ближеше крајот на натпреварот, а избраниците на Недановски играа се подобро во одбраната, што им овозможи да поведат со 28:24. На крајот триумф со резултат 31:26.

Томовски одличен со 12 одбрани, додека Талески беше најефикасен со 9, а го следеа Манасков со 8 и Стоилов со 7 голови.