Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујин: Вардар на секој меч мора да оди на победа – Валчак: Знаеме каков е системот на игра на Раул
Вујин: Вардар на секој меч мора да оди на победа – Валчак: Знаеме каков е системот на игра на Раул

Вујин: Вардар на секој меч мора да оди на победа – Валчак: Знаеме каков е системот на игра на Раул

Вардар денес ќе отпатува за Париз, каде утре го игра натпреварот од 6.коло во Лигата на Шампионите против екипата на ПСЖ. Избраниците на Алушовски ги очекува тежок дуел против ПСЖ, кој иако се наоѓа во лоша серија сепак поради домашниот терен е благ фаворит.

Во пресрет на утрешниот натпревар, своите очекувања ги дадоа Вујин и Валчак кој го изјавија следново:

-Очекуваме да продолжиме да играме во ритам како на последните два натпревари. Мислам дека покажавме дека изгледаме многу подобро на терен и дека играме далеку подобар ракомет и тоа со квалитетни противници. Заминуваме во Париз со наши амбиции и се надеваме дека ќе се вратиме со полн плен. ПСЖ загуби три од четири мечеви, сигурно тоа не го очекуваше, имаат повредени играчи и се под притисок. Очекувам голема борба, одиме на победа како на секој меч. Вардар мора да оди на секој меч на победа. Мислам дека сме подготвени, затоа што добро работиме, истакна Вујин

-Ни остана да направиме уште една видео-анализа пред заминувањето за Париз. Знаеме што и како треба да правиме на терен. Знаеме каков е системот на Раул затоа што повеќето играчи имаат играно под негово водство низ годините. Ги знаеме тие ситни детали што тој како тренер ги очекува од играчите во Париз. Се надеваме дека ќе се вратиме во Скопје со бодовите, изјави Валчак.

Натпреварот против ПСЖ стартува од 18:45 часот со директен пренос на МТВ.