Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Во Париз нема да одиме со бело знаме, знаеме дека ПСЖ не е во добра ситуација
Чупиќ: Во Париз нема да одиме со бело знаме, знаеме дека ПСЖ не е во добра ситуација

Чупиќ: Во Париз нема да одиме со бело знаме, знаеме дека ПСЖ не е во добра ситуација

Во среда, Вардар продолжува со натпреварите во Лигата на Шампионите, кога црвено-црните ќе гостуваат на екипата на ПСЖ.  Следниот наш противник не е во најдобра форма, со оглед дека на четири дуели во групата доживеа три порази и само една победа. Предводник на ПСЖ е поранешниот вардаров тренер, Раул Гонзалез, на кој позицијата не му е многу сигурна, после слабиот старт сезонава.

Од друга страна, вардаровото десно крило, Иван Чупиќ, истакнува дека Вардар нема оди со бело знаме во Париз и дека неговиот тим ќе се обиде да изненади.

-ПСЖ сигурно не е во лесна ситуација затоа што знаеме какви цели има овој тим и што сака во ЛШ. Планираат да одат на Ф4, сигурно имаат голем притисок затоа што не играат добро како во француската лига. Сега мора да победуваат на сите натпревари, за малку да се отргнат од дното на табелата. Ние по три меча во ЛШ имаме три бода, можевме да имаме повеќе, ама доста важно е дека од меч во меч играме подобро. Никој од нас нема да бара некаква сензација во Париз, ама добро се подготвивме за нив. Нема да одиме таму со бело знаме. Се работи за екипа со одличен индивидуален квалитет, ама ако играме добро во одбраната и ако одговориме на нивната транзиција и плус имаме добар голман, можеме да направиме притисок. Би било добро ако сме во егал на десетина минути пред крајот. Така би имале шанса за добар резултат.

Натпреварот против ПСЖ во среда ќе стартува од 18:45 часот.