Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров и Стоилов: Веспрем е фаворит, бројот на повредени играчи кај нас е голем
Кокшаров и Стоилов: Веспрем е фаворит, бројот на повредени играчи кај нас е голем

Кокшаров и Стоилов: Веспрем е фаворит, бројот на повредени играчи кај нас е голем

Вардар во недела ја пречекува екипата на Веспрем, дуелот кој ќе се игра во Јане Сандански веќе е распродаден, се очекува голема поддршка за црвено-црните. Сепак на денешната прес-конференција тренерот и капитенот на Вардар ја препуштија фаворитската улога на гостинот поради големиот број на повредени играчи.

Кокшаров: Повредените играчи се повторно проблем, таа тема сакам да ја затворам и нема да зборувам за тоа. Тие  кои ќе играат против Веспрем сигурен сум дека ќе го дадам максимумот од себе за да дојдеме до позитивен резултат. Во овој момент имаме само по еден играч на секоја позиција, и во моментите кога морате да направите рокади – доаѓаме во големи проблеми. Дисингер мора да биде подложен на операционен зафат. Отсуството на неколкуте ракометари нема да биде голем проблем само за во нападот, туки и во одбраната. Затоа сме приморани да бараме ново решение во одбранбената тактика. Се надевал дека од публиката ќе ја добиеме потребната поддршка која ќе биде многу значајна за моите ракометари. 

Стоилов: Пред нас е последниот натпревар од оваа  есенска фаза. Сите знаеме во која ситуација е Вардар. Имаме големи проблеми со повредени играчи и затоа да не се лажеме, Веспрем е голем фаворит на ова дерби. Нам ни останува да се бориме за секоја топка, а да бидам искрен верувам дека сите ракометари ќе го направат тоа.