Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Slider > Парондо и Стоилов: Нема опуштање, мораме да одиграме нов добар натпревар против Загреб
Парондо и Стоилов: Нема опуштање, мораме да одиграме нов добар натпревар против Загреб

Парондо и Стоилов: Нема опуштање, мораме да одиграме нов добар натпревар против Загреб

Денес ракометниот клуб Вардар одржа прес-конференција по повод реванш натпреварот од осминафиналето во ЛШ, против екипата на ППД Загреб. На истата присуствуваше тренерот Гарсија Парондо кој повика на претпазливост во пресрет на саботниот дуел, без обзир што неговиот тим има висока предност од девет гола, која ја стекна на првиот меч во Хрватска.

-Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб. Сепак, не смееме да се опуштаме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа. Мораме да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. Мораме на најдобар можен начин да одработиме и на реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме на реваншот да одиграат што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар.

Капитенот Стоилов исто така вели дека Загреб нема да дојде во Скопје со бело знаме и дека треба да одиграме максимално во текот на сите 60 минути.

-Имаме добар резултат од Загреб и реално е да мислиме дека ја имаме завршено работата. Загреб е квалитетна екипа, но сигурно нема да дојдат тука предадени и ќе се борат да го обелат образот по лошото издание. Важно е за нас да одиграме како што знаеме уште еден добар натпревар,