Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Томовски и Гаџа: Потребно е да ги поправиме концетрацијата и дисциплината ако сакаме да го победиме Кил
Томовски и Гаџа: Потребно е да ги поправиме концетрацијата и дисциплината ако сакаме да го победиме Кил

Томовски и Гаџа: Потребно е да ги поправиме концетрацијата и дисциплината ако сакаме да го победиме Кил

Утре на програмата е дерби натпреварот од 6.коло во групната фаза од Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански, Вардар го пречекува тимот на Кил, натпревар на кој нашиот состав ќе се обиде да се врати на победите во најголемото ракометно натпреварување.

Своите очекувања за натпреварот со Кил ги споделија голманот Томовски и организарот на играта, Анте Гаџа.

-Дефинитивно имавме некои недоразбирања во одбраната на последните две средби, верувам дека тоа ќе се поправи против Кил. Потребно е да ги поправиме концентрацијата и дисциплината во клучните моменти и ќе бидеме подобри. Кил е одлична екипа, добро се познаваат, одлично играат, но како и секоја друга екипа имаат недостатоци. Целта е да ги искористиме тие недостатоци и нивното жестоко темпо на играње на неколку фронта, изјави Томовски.

-Мислам дека има уште простор за напредок во нападот иако и досега постигнуваме доста голови. Сигурно дека и ние во некои моменти не сме задоволни и дека има тука уште да се работи. Со Кил ќе мора да бидеме многу концентрирани во нападот, бидејќи многу лесно ги казнува грешките, трчаат брзи контри затоа мислам дека тоа ќе биде важен елемент, ако сакаме да го добиеме натпреварот, истакна Гаџа.

Натпреварот ќе стартува во вечерниот термин од 20:45 часот.