Ракометарките на Вардар без проблеми ја елиминираа Приштина во второто коло од Европскиот Куп на ЕХФ, па на денешната ждрепка го дознаа противникот во следната рунда од натпреварувањето, а тоа е Јуро Унирек од Холандија.
Ждрепката донесе ривал против кој секако ќе може да се надигрува, а првиот натпревар ќе биде на домашен терен. Реваншот би требало да биде во Холандија, освен доколку двете екипи не се договорат за поинаков распоред на одигрување на двете средби.
ЖРК Вардар го игра првиот натпревар на 13 ноември од 17 -00 часот, додека реваншот се игра седум дена подоцна.