Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Стоилов: И покрај проблемите со повредени играчи ќе го дадеме најдоброто од себе со победа да ја завршиме годината
Парондо и Стоилов: И покрај проблемите со повредени играчи ќе го дадеме најдоброто од себе со победа да ја завршиме годината

Парондо и Стоилов: И покрај проблемите со повредени играчи ќе го дадеме најдоброто од себе со победа да ја завршиме годината

Денес вардарци го играат последниот натпревар за оваа година која полека изминува. Црвено-црните во рамките на 13.коло од СЕХА-лигата гостуваат кај екипата на Стеауа од Букурешт, меч на кој ќе се обидеме да победиме и да ја завршиме годината на врвот на табелата. Во пресрет на овој дуел, своите очекувања ги искажа Роберто Гарсија Парондо, кој истакна дека и покрај многуте повредени играчи, неговиот тим ќе се обиде да го даде најдоброто од себе и да победи.

-Ова ќе биде нашиот последен натпревар пред новогодишните и божиќни празници, кој ќе се обидеме да го добиеме за да останеме на врвот. Во моментов се соочуваме со многу проблеми, со повредени играчи и овој пат нема да можеме да сметаме на Борозан, Мораеш, Дибиров, Шишкареев и Кристопанс. Некои помлади играчи ќе имаат шанса да ги покажат своите квалитети. За овој последен натпревар годинава очекувам од нас да го дадеме најдоброто и да направиме се што можеме за да победиме.

Капитенот, Стојанче Стоилов истакна дека Вардар никогаш не играл на овој терен, но дека ќе останат фокусирани со цел триумф на овој дуел.

Ова ќе биде нашиот последен натпревар во 2018 година. Сите сме уморни и чекаме на зимскиот распуст, но мора сериозно да го затвориме првиот дел од сезоната. Како што веќе кажа тренерот, се соочуваме со некои проблеми, но се надеваме дека ќе победиме на натпреварот. Ова е дебитантска сезона на Стеауа и никогаш не сме играле во Букурешт, но нашата цел е да останеме фокусирани и да победиме на натпреварот.