Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Преглед на есенскиот дел за ФК Вардар генер. “2009„ ,одлична полусезона за Вардар (1)
Преглед на есенскиот дел за ФК Вардар генер. “2009„ ,одлична полусезона за Вардар (1)

Преглед на есенскиот дел за ФК Вардар генер. “2009„ ,одлична полусезона за Вардар (1)

Генерацијата на ФК Вардар родени “2009„ година ја играат својата втора сезона во детската фудбалска лига. Оваа генерација сезонава е предводена од тренерот Зоран Петковски, која се натпреварува со две екипи во детската лига. Вардар (1) пред себе имаше одлична полусезона и со неколку засилувања кои беа донесени на почеток на сезоната, пред се со голманот Марко Баснарков, како и играчите Дарин Михајловски, Васко Папаливски и Вито Павлов, се постави како еден од претедентите оваа сезона да се бори за трофејот во детската лига.

2313-598x330

Одлична игра за око прикажа оваа екипа, која покажа дека знае да игра добар и квалитетен фудбал. Овој тим на десет одиграни натпревари имаше девет победи и само еден нерешен резултат во дуелот со Милано, противник кој е единствениот кој ни одзема бодови. На сите останати мечеви, момците на Петковски доминираа во сите погледи на фудбалската игра и ги надигруваа своите противници. Гол разликата говори за тоа каква полусезона успеавме да одиграме. Постигнавме дури 72 голови, додека примивме само 13 погодоци.

Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) во есенскиот дел од сезоната: 

250

1 коло: Вардар – Дрим Тим 7:2

2 коло: Вардар – Куманово  9:1

3 коло: Вардар – Смилковци  16:0

4 коло: Вардар – Милано  1:1

5 коло: Вардар – Сарај  11:0

631-1

6 коло: Вардар – Биџо  9:2

7 коло: Вардар – Кул  3:2

8 коло: Вардар – Работнички  7:3

9 коло: Вардар – Скупи  3:1

10 коло: Вардар – Њу Старс (1)  6:1

58-660x330

Вардар (2) имаше послаб есенски дел, каде на десет одиграни мечеви имавме само три победи, еден нерешен резултат и шест порази. Имавме и негативна гол разлика од 33 постигнати и 35 примени голови во својата мрежа. Ова се сите остварени резултати на Вардар (2) во есенскиот дел од сезоната: 

371

1 коло: Вардар – Њу Старс (2)  3:5

2 коло: Вардар – Форца  1:6

3 коло: Вардар – Еуроспорт  6:2

4 коло: Вардар – Албион  1:2

5 коло: Вардар – Фамос  6:2

05

6 коло: Вардар – Драчево  3:5

7 коло: Вардар – Кул (2)  5:0

8 коло: Вардар – Гроздановски  1:4

9 коло:  Вардар – Шкупи  5:5

10 коло: Вардар – Албарса  2:4

712