Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес вардарци во дуел против Стеауа за победнички крај на годината
Денес вардарци во дуел против Стеауа за победнички крај на годината

Денес вардарци во дуел против Стеауа за победнички крај на годината

Вечерва со почеток од 17:15 часот по македонско време, нашиот ракометен шампион гостува во Букурешт на екипата на Стеауа. во рамките на 13.коло од СЕХА-лигата. Ова е всушност и последен меч за црвено-црните во оваа календарска година која полека изминува.

И на овој дуел, тренерот Гарсија Парондо ќе има проблеми околу составување на екипата. Во составот ќе ги нема подолго повредените Горбок, Фереира, Борозан, а на нив им се приклучува и Кристопанс кој изминатава недела направи принудна операција, поради која ќе го пропушти денешниот меч. Во составот ќе ги нема ниту Дибиров и Шишкарев, како и голманот Калифа Гедбан. Сепак останува да се одработи уште овој натпревар со силите што ги имаме на располагање.

Што се однесува до денешниот противник кој оваа сезона е дебитант во СЕХА-лигата, тимот на Стеауа се наоѓа на шесттото место на табелата со вкупно 15 освоени бодови. Романскиот претставник има пет победи, од кои четири беа на домашен терен, а единствениот пораз пред домашната публика беше од екипата на ППД Загреб, додека единствената победа на гостински терен ја забележаа во дуелот со екипата на Металург. Надобар стрелец на Стеауа е Хумет со 32 постигнати голови, додека по него следат Милошевиќ и Вегар со по 26 погодоци.

Натпреварот со директен пренос можете да го проследите на МРТ, како и Арена Спорт 2. И покрај многуте проблеми со повредени играчи се надеваме дека ќе прикажеме добра игра и дека со победа ќе ја заокружиме оваа 2018 година.