Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Грегор Оцвирк со повик за настап во младинската селекција на Словенија, која ќе учествува на силен турнир во Унгарија
Грегор Оцвирк со повик за настап во младинската селекција на Словенија, која ќе учествува на силен турнир во Унгарија

Грегор Оцвирк со повик за настап во младинската селекција на Словенија, која ќе учествува на силен турнир во Унгарија

Младинската репрезентација на Словенија која е актуелен Европски шампион во периодот од 17-19.јануари ќе учествува на силен меѓународен турнир.

Селекторот на Словенија го објави списокот на ракометари, на кои ќе смета за претстојниот турнир, кој е подготовка за настапот на Светското младинско првенство кое оваа година ќе се одигра во Шпанија. На списокот на повикани играчи очекувано се најде и играчот на Вардар, се работи за Грегор Оцвирк, кој е еден од предводниците и најзаслужните за освоениот златен медал  на ЕП кое се одржа токму во Словенија.

Противници за Словенија на турнирот во Унгарија, ќе бидат селекциите на Чешка, Србија и домаќинот на турнирот.