Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од денес РК Вардар со ново име, менаџер и директор
Од денес РК Вардар со ново име, менаџер и директор

Од денес РК Вардар со ново име, менаџер и директор

Од денес ракометниот клуб Вардар ќе биде со додавката 1961, откако централниот регистар ја прифати пријавата.

Започнува нова ера во Европскиот ракометен Шампион, чиј сопственик ќе биде господинот Михајло Михајловски, кој ќе менаџира со клубот. Претседател на Одборот на директори е Бојан Јанев, а неизвршен член е Благоја Лазаревски – двајцата дел од УО на Државна Лотарија на Македонија.

Се уште не е познато како ќе изгледа новата управа на клубот и кои од луѓето ќе останат и понатаму да работат во Вардар. Полека се склопува и играчкиот кадар за новата сезона, а најавени се уште неколку засилувања во идниот период, кои треба да го комплетираат тимот. Останаа „дефицитарни“ позициите на среден и десен бек, а во следниве денови сигурно дека ќе бидат познати и играчите кои ќе го понесат товарот на овие позиции.

Стевче Алушовски ќе биде шеф на стручниот штаб, негов помошник се очекува да биде Владо Недановски, додека Дејан Периќ останува тренер на голманите.