Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик: Драго ми е што играчите не се задоволија со тоа што сме тука, од прв до последен се боревме за финалето
Штербик: Драго ми е што играчите не се задоволија со тоа што сме тука, од прв до последен се боревме за финалето

Штербик: Драго ми е што играчите не се задоволија со тоа што сме тука, од прв до последен се боревме за финалето

Вардар уште еднаш покажа дека е екипа за респект, а тоа најдобро на својот “грб“ го почуствува екипата на Барселона, која на крајот мораше да се помири со поразот во полуфиналето на ЛШ. Во еден неизвесен натпревар, црвено-црните на крајот се радуваа со резултат од 26:25, а последниот гол беше дело на Лука Циндриќ, речиси со истекот на 60-те минути. Арпад Штербик уште еднаш покажа дека е голман од светска класа, а сигурно и најдобар во моментов. Денес Арпад имаше ново брилијатно издание на голот, завршувајќи го натпреварот со 13 успешни интервенции. Тој за медиумите после завршување на натпреварот го изјави следново:

Мислам дека направивме долг пат, драго ми е што играчите не се задоволија со тоа што сме тука. Од прв до последен се боревме за финале, бевме и во негатива, но не се предадовме. Уште на почетокот се виде дека ќе имаме добра сезона и дека можеме да им парираме на големите тимови. Против Барселона е тешко да се игра и на домашен терен, а не пак на неутрален. Во моментов не знам како ќе може да го добиеме ПСЖ. Тие имаат одмор повеќе од 2-3 часа, бидејќи веќе се во хотел. Ние мораме исто така да се одмориме и во финалето да го дадеме максимумот, а утре ќе видиме што ќе направиме.