Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ имаше одлична прогноза на денешните полуфинални натпревари во лигата на шампиони. Тој истакна дека Вардар може да ја победи Барселона и дека во финалето ќе игра со екипата на ПСЖ. На крајот, Вујовиќ испадна како добар прогнозер, само што не предвиди, кој може да биде шампион.
-Со цело мое срце ќе навивам за Вардар. Мислам дека денес Барселона ќе биде совладана. Очекувам финале Вардар- ПСЖ, а кој ќе слави на истото, навистина не знам, рече Вујовиќ.