Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одиме на 3/3 против Рајн – Некар
Одиме на 3/3 против Рајн – Некар

Одиме на 3/3 против Рајн – Некар

Како што е добро познато, во рамките на четвртото коло во ЛШ, нашиот шампион во сабота ќе се сретне со германскиот преставник екипата на Рајн Некар – Левен. Сите го паметиме овој германски тим по добри сеќавања. Минатата година нашиот црвено – црн тим се сретна два пати против овој тим во Лигата на шампионите. И давата натпревари ги добивме ние, еден дома, еден в гости.

На гостински терен, им одржавме вистинска лекција на германците, ги победивме со резултат 28:35. На вториот натпревар пред нашите гледачи германците паднаа во второто полувреме.  На полувреме беше ”егал ” 13:13 со помошта на публиката нашиот тим во второто полувреме дојде до победа, од три гола разлика. Очекуваме оваа недела нашите момци да дојдат до уште една значајна победа за 4 победа од исто толку натпревари во ЛШ, и на 3 од 3 во мегусебните дуели со Рајн Некар.

Фото: rkvardar.mk