Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар јуниор фуриозно мина низ Велес
РК Вардар јуниор фуриозно мина низ Велес

РК Вардар јуниор фуриозно мина низ Велес

Вчера во Велес во рамки на четвртото коло од Супер лигата РК Вардар јуниор гостуваше кај тимот на ГРК Борец. Избраниците на Пепи Манасков однесоа убедлива победа против матичниот клуб на најдобриот македонски ракометар за изминатиот век со убедливи 17:33, а резултатот по првите 30 минути беше  6:14.

Во одлична атмосфера пред 1500-2000 велешани во салата Младост нашите млади вардарци уште од првата минута тргнаа на сигурен триунф. Ова е втора победа по ред на Јуниор по минатата недела кога дома го совладаа РК Пелистер. Домаќините беа во константна негатива, нашите момци поведоа 1:4 и веќе по 20 минути играа имаа сигурна предност од  шест гола односно 4:10. До полувремето следеше серија од 2:4 за црвено – црните со што на пауза се отиде со големи 8 гола позитива. Вториот дел почна повторно во знак на добрата игра на нашите вардарци кои ја зголемија предноста на двоцифрен број голови уште на самиот почеток со серија од 0:3, а резултатот на семафорот гласеше 6:17 што само го навести она што беше веќе извесно убедлива победа за Вардар. Борец се обидуваше да парира во продолжене, но не така успешно крајниот резултат беше слика на доминацијата во текот на целиот дуел и двојно повеќе постигнатите погодоци на Вардар.