Викендов и официјално ќе започне новата сезона во првенството на младинските ракометни категории на Рк Вардар и Жрк Вардар.
Кадетките на Жрк Вардар во новата натпреварувачка сезона ќе учествуваат со две екипи. Тоа се Вардар и Вардар јуниор, кои ќе ги предводи Анжела Платон. Двете екипи своите мечеви од првото коло ќе ги играат во сабота, односно понеделник.
-Жрк Вардар – Металург ( 10.10.2015 С.Р.Ц. Кале) 10:00
-Жрк Вардар јуниор – Стружанка ( 12.10. 2015 С.Р.Ц. Кале) 20:00
Младинките предводени од Билјана Пецевска со големи амбиции влегуваат во новата сезона, со една и единствена цел. Тоа е првото место и повторување на успехот од претходната сезона.
- Жрк Вардар- Жрк Чаир ( 10.10.2015 С.Р.Ц. Кале). 13:00
Сезоната започна веќе за кадетите на Рк Вардар, во генерација ракометари родени 1998 година. Веќе го одиграа својот прв натпревар, на гостински терен против тимот на ГРК Борец. Дуелот заврши со поделба на бодовите, конечниот резултат гласеше 31:31. Оваа екипа ја предводи тренерот Слободан Чивлачки, која викендов е слободна.
Во младинска конкуренција, машкиот ракометен клуб Вардар ќе има два свои претставника. Вардар јуниор на Зоран Петковски и Рк Вардар на Слободан Чивлачки.
-Рк Вардар јуниор- ГРК Борец (11.10.2015 мала сала С.Ц. Јане Сандански -13часот)
-Рк Вардар во првото коло е слободен.