Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Одлична шампионска сезона за пионерите на РК Вардар под водство на Будимир, кои имаа стопроцентен ефект во лигата
Одлична шампионска сезона за пионерите на РК Вардар под водство на Будимир, кои имаа стопроцентен ефект во лигата

Одлична шампионска сезона за пионерите на РК Вардар под водство на Будимир, кои имаа стопроцентен ефект во лигата

Пиопнерите на ракометниот клуб Вардар имаа одлична сезона, во која успеаа да станат шампиони на Македонија. Избраниците на Андријана Будимир доминираа и успеаа да ја завршат сезоната со стопроцентен ефект. Одиграа вкупно 14 натпревари на кои забележаа исто толку победи. Во конкуренција на 25 екипи, црвено-црните на крајот заслужено се најдоа на врвот. Во регуларниот дел од сезоната беа дел од групата 1, каде одиграа 12 мечеви и имаа исто толку победи. Имаа и најдобра гол разлика, во целата пионерска лига, во регуларниот дел на сезоната. Постигнавме вкупно 354 голови, додека примивме 117.

Во продолжение од текстот ќе ги изнесеме сите постигнати резултати за пионерите на РК Вардар:

3118-660x330

1 коло: Вардар – Куманово 27:8

2 коло: Аеродром 1 – Вардар 3:47

3 коло: Вардар – Шкупи 27:10

4 коло: Велес 2009 - Вардар  12:26

5 коло: Вардар – Металург Јуниор 32:13

6 коло: Шампион – Вардар 13:21

7 коло: слободни

8 коло: Куманово – Вардар 12:26

9 коло: Вардар – Аеродром 1  33:6

10 коло: Шкупи – Вардар 8:35

11 коло: Вардар – Велес 2009  30:8

12 коло: Металург Јуниор – Вардар  8:32

13 коло: Вардар – Шампион 18:16

14 коло: слободни

1015

На завршниот турнир кој се одигра во Кале, покрај Вардар учествуваа уште и екипите на Тиквеш, КЛ7-Стгруга и Аеродром. Во полуфиналето нашите момци ја победија екипата на Тиквеш, со двоцифрена разлика (19:9), додека во големото финале убедливо го поразивме и тимот на РК Аеродром (27:20). Имавме и поединечна награда на овој Ф4, а истата ја доби Леонид Чорогунов за најдобар голман.

a31-660x330

Настапивме на сигурно еден од посилните меѓународни турнири, “Ломотива куп 2017“ кој се играше во Брчко. Пионерите на РК Вардар може да се каже дека направија успех на овој турнир, пласирајќи се на крајот на 9 место од вкупно 24 екипи во оваа возрасна генерација, играчи родени 2002/03 година. Совладани беа екипите на Партизан, Спачва и Веспрем, додека ги загубивме дуелите со Борац од Бања Лука и оној во осминафиналето од шампионот на турнирот, екипата на Дуго Село, која е шампион и во својата земја во оваа возрасна категорија.