Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со една екипа во новата сезона на супер лигата, во првото коло играме против Куманово
ЖРК Вардар со една екипа во новата сезона на супер лигата, во првото коло играме против Куманово

ЖРК Вардар со една екипа во новата сезона на супер лигата, во првото коло играме против Куманово

Новата сезона во ракометна женска лига треба да започне на 8-ми септември. Денес во просториите на РФМ беше извлечена ждрепката за првото коло, во кое екипата на Вардар ќе биде домаќин на тимот на Куманово. Лигата оваа сезона ќе брои девет екипи, а новајлии се тимовите на ЦЕМС и на Спартак, двете од Скопје. Ќе има промени и во однос на натпреварување, каде ќе има само еднокружен систем од 18 кола, а првопасираните пет екипи ќе продолжат да се натпреваруваат во плејофот.

Што се однесува до Вардар, во новата сезона ќе имаме само еден тим, без Вардар Јуниор, а дополнително ќе се знае со каков состав ќе располагаат црвено-црните.

Двојки за првото коло:

Деспина – Овче Поле
Вардар – Куманово
Гевгелија – Спартак
ЦЕМС – Пелистер