Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одложен натпреварот на Вардар против Брест Мешков

Одложен натпреварот на Вардар против Брест Мешков

Натпреварот од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу Мешков Брест и Вардар планиран за 2 март 2022 година нема да се одигра.
Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека „ сегашната ситуација и развојот во овие денови не го прават остварливо овој натпревар да се игра според планираното. Во процедура усогласена со претходните одлуки за натпреварите во наредната недела и со цел да се заштитат сите инволвирани страни и да се обезбеди интегритетот на натпреварувањето, ЕХФ дојде до заклучок да го откаже натпреварот“, се вели во изнформацијата упатена на клубот.
За следните чекори во врска со овој натпревар ЕХФ ќе има информација во следниот период.