Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално: Ф4 турнирот во СЕХА лигата ќе се одигра од 4-6 септември
Официјално: Ф4 турнирот во СЕХА лигата ќе се одигра од 4-6 септември

Официјално: Ф4 турнирот во СЕХА лигата ќе се одигра од 4-6 септември

Завршниот турнир на најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата, за натпреварувачката сезона 2019/20 ќе се одигра во Задар, во периодот од 4-6. септември.

Челните луѓе на ова натпреварување го потврдија овој датум како официјален за одигрување на Ф4 турнирот, кој оваа година ќе се одржи во Задар.

На завршниот турнир веќе се пласираа екипите на Брест Мешков и ППД Загреб, додека Вардар и Веспрем се исто така многу блиску до Задар.

На 29.август, црвено-црните треба да го потврдат квалитетот во однос на Нексе, и да го елиминираат противникот. После првиот меч одигран во Хрватска, славеше Вардар минимално со еден гол разлика.

Реванш мечевите од 1/4 финалето требаше да се одиграат во месец март, но пандемијата со корона вирусот спречи сезоната да финишира во предвидениот термин. Вардар е најтрофеен тим во СЕХА-лигата со вкупно пет трофеи.