Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар: Потврдена саатницата за СЕХА реванш 1/4-финалниот меч со Нексе
РК Вардар: Потврдена саатницата за СЕХА реванш 1/4-финалниот меч со Нексе

РК Вардар: Потврдена саатницата за СЕХА реванш 1/4-финалниот меч со Нексе

Вардар 1961 е на чекор до пласман на завршниот турнир во СЕХА Газпром лигата, а пред одбрана на титулата ни претстои реванш четвртфиналниот меч со хрватски Нексе. Истиот беше предвидено да се игра во март, но поради пандемијата со Ковид-19 истиот беше одложен. Сега стигна потврдата за одигрувањето на истиот.

СЕХА лигата заедно со Вардар 1961 се договорија средбата да се одигра на 29 август во Скопје со почеток во 20,15 часот.

Предвидено е од истиот меч да има ТВ пренос на МТВ 1 и МТВ3 и Арена ТВ. Поради преораките за одржување на спортски натпревари на истиот натпревар НЕМА ДА ИМА ПРИСУСТВО НА ГЛЕДАЧИ.