Најдобриот стрелец на ФК Вардар за изминатата сезона, Даниел Аврамовски и дефинитивно го напушта клубот. Иако постоеше надеж тој да остане во црвено-црниот дрес и да се појави на мечот со Борец, сепак тоа не се случи, па Аврамовски во новата сезона нема да биде дел од Вардар. Ова е уште една голема загуба за тимот на Васоски, а преку својата официјална страна, клубот упати благодарност за „Цујо“
Оваа сезона беше последна во дресот на #ФКВардар и за Даниел Аврамовски, кој дојде во Вардар во зимскиот преоден рок 2019 година од екипата на Олимпија.
Во „црвено-црниот“ дрес одигра вкупно 41 натпревар со постигнати 12 голови.
Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интегрален дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера.
Благодариме Цујо!