Во сабота РК Вардар ќе го пречека тимот на Целје од Словенија. Нашиот тим ќе биде голем фаворит на овој натпревар, со победа “црвено – црните” ќе си го отворат патот кон првото место и прескокнување на 1/8 финалето.
За овој натпревар ЕХФ одреди искусна судиска двојка. Станува збор за Литванците Ренар Лицис и Зигмарс Столаровс. Овие судии се добро познати на скопската публика, неколку пати овие судии ја делеле правдата на РК Вардар.
Натпреварот во сабота започнува во 17 часот и 30 минути.