Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Данска судиска двојка на мечот Вардар – Будуќност

Данска судиска двојка на мечот Вардар – Будуќност

Во недела во Скопје гостува тимот на ЖРК Будуќност. Ова ќе биде дерби натпревар во нашата група во рамките на осмото коло. Вардарки пред овој натпревар се наоѓаат на првата позиција на табелата со 13 освоени бодови, додека пак тимот на Будуќност го завзема третото место на табелата со 8 бодови. Доколку вардарки го добијат овој натпревар, ќе се зацврстат на првата позиција на табелата.

За овој дерби натпревар ЕХФ одреди судиска двојка од Данска. Станува збор за искусните судии Карина Кристијансен и Лине Хеселдал.

Натпреварот во недела започнува во 17 часот и 30 минти