На 15.септември стартува новата сезона во ракометната Лига на Шампиони, а ЕХФ го објави протоколот по кој ќе се одвиваат натпреварите оваа сезона.
Дали ќе има навивачи на трибините во Јане Сандански на натпреварите на Вардар, ќе одлучат самиот клуб и властите во државата. Доколку се случи такво нешто ќе треба да бидт исполнети и испочитувани многу процедури.
Сите присутни кои ќе бидат дел од еден натпревар на Вардар во Лигата на Шампионите, ќе бидат поделени во неколку различни зони.
Во „црвената зона“ ќе бидат ракометарите, стручниот штаб и официјалните лица ( кои ќе треба да поседуваат негативен корона тест, а истиот да не биде постар од 72 часа: Исто така првите три реда од трибините ќе треба да бидат празни.
Во „портокаловата зона“ ќе бидат официјалните лица на ЕХФ, обезбедувањето, ТВ екипите, медицинските лица, додека во „жолтата зона“ ќе бидат клупските претставници, статистичарите, спикерот и дел од ТВ екипите.
Во „зелената зона“ ќе бидат новинарите“, додека во „сината зона“ ќе бидат гледачите.
Секој клуб ќе биде задолжен да обезбеди лице, претставник, кои ќе ги извршува сите точки од наведениот протокол.
Првиот меч на домашен терен, црвено-црните треба да го одиграат на 24.септември кога за противник го имаат тимот на Елверум.