Вчера Вардарци пристигнаа во Франција и го одржаа првиот тренинг во Монпелје, во салата каде денес ќе се одигра натпреварот помеѓу екипите на Монпелје и Вардар. Избраниците на Гонзалес имаа можност да го почуствуваат теренот, на кој ќе се води голема борба за секој постигнат гол. Првиот тренинг беше од полесен карактер, утрово се очекува уште еден.
Непосредно пред започнување на дуелот ќе биде познат составот со кој ќе излеземе на овој меч. Во Скопје останаа капитенот Лазаров и Ангелов. Натпреварот се игра со почеток од 17 часот, со директен пренос на МРТ-1.