Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Порази за младинците и кадетите на Фк Вардар, на дуелите во Тетово
Порази за младинците и кадетите на Фк Вардар, на дуелите во Тетово

Порази за младинците и кадетите на Фк Вардар, на дуелите во Тетово

Вчера се одиграа натпреварите од 5 коло во првенството на младинските категории. Свои настапи имаа кадетите и младинците на Фк Вардар. Порази доживеаа и двете генерации на гостувањето во Тетово, против екипата на Шкендија. Ова се воедно и први неуспеси за двете категории во новата сезона.

-Кадетите иако играа добро, сепак на крајот немаа среќа и го загубија натпреварот. Шкендија прва поведе со 1:0, следуваше израмнување со погодокот на Дејан Маркоски, што беше и резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел домаќините постигнаа гол и ги освоија трите бода на овој дуел.

-Прв пораз и за младинците кој на жешкиот терен во Тетово, исто така загубија со минимални 1:0. Квалитетен натпревар со шанси на двете страни. Сепак Тетовскиот тим подобро се снајде во овој дуел, остварувајќи минимален триумф од 1:0. Истиот резултат беше актуелен и по првото полувреме.

Денес своите мечеви со истиов противник, на теренот во Кадино ги играат помладите пионери и пионерите на Вардар. Овие две генерации бележаа одлични резултати по првите четири кола и се надеваме дека денес ќе продолжат во исти ритам и ќе го подобрат учинокот на Вардаровите генерации во ова коло.