Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Горан Попов: Сакаме да ја продолжиме нашата победничка серија
Горан Попов: Сакаме да ја продолжиме нашата победничка серија

Горан Попов: Сакаме да ја продолжиме нашата победничка серија

Денес шампионот на Македонија, екипата на Фк Вардар ја очекува нов дуел во првенството, противник во седмото коло е екипата на Ренова. Овој меч ќе се игра со почеток од 15:30 часот на теренот во Боговиње. Свое видување за овој натпревар за официјалниот сајт на клубот, даде Горан Попов кое го изјави следново:

-Играме против една екипа која е незгодна и кога против добрите екипи знае како треба да игра. Знаат да се мотивираат и можат да направат проблем. Меѓутоа ние сме професионалци, и нема да потцениме ниту еден тим во Македонија и во Европа, и секогаш против секого одиме на победа. Сакаме да ја продолжиме нашата серија.

Црвено-црните се наоѓаат во одлична форма и серија на победи, вкупно пет. Искусниот Попов очекува триумф и во овој дуел против Ренова.

-Како што кажува и нашиот тренер Седлоски, на секој натпревар мораме да бидеме концентрирани и мотивирани. Не простуваме никому, одиме да дадеме 100% без рзлика на противникот. Први сме на табелата, и тоа место сакаме да го задржиме. Со секоја екипа, дали во првенството дали во Купот или во Европа, ние ја знаеме нашата работа, а тоа е секогаш да одиме на триумф.