Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар без Горбок, Монпелје без својот можеби најдобар играч, Матје Гребиј
Вардар без Горбок, Монпелје без својот можеби најдобар играч, Матје Гребиј

Вардар без Горбок, Монпелје без својот можеби најдобар играч, Матје Гребиј

Двата тренери на денешниот дуел кој започнува во 17 часот, ги одредија составите на своите тимови кои ќе излезат на теренот. Поради големиот избор на квалитетни играчи кај нашиот шампион, тренерот Гонзалес до последен момент беше во двоумење, кој ракометар ќе го проследи мечот од трибините.

Тешката одлука падна на Рускиот лев бек, Сергеј Горбок кој нема да има можност да настапува на денешниот натпревар. Шанса на таа позизија ќе добијат најновотго засилување и неговиот сонародник Александер Деревен и искусниот Хрват, Блаженко Лацковиќ поради подобрата игра во одбрана.

На спротивната страна, Монпелје се наоѓа во мали проблеми поради неиграњето на својот можеби најдобар играч од претходната сезона, тоа е репрезентативецот Матеј Гребиј. Овој квалитетен  лев бек успеаа да ни даде дури 11 голови, на мечот кој заврши нерешено минатата сезона. Ќе недостасува и големото искуство на Вид Кавтичник, кој ја заврши претходната сезона со 57 постигнати голови и се смета за незаменлив дел во играта на Францускиот тим. Сепак тука се крилото Гајиќ, Симонет и Доленец, кои би требало да бидат најголема опасност за нашиот шампион.