Специјализираниот ракометен портал “Балкан Хандбал“ го направи изборот за најдобар сајт и работа на социјалните мрежи за изминатава сезона. Изборот падна токму на официјалниот сајт на ракометниот клуб Вардар. За разлика од претходните сезони , веб презентацијата на Македонскиот Шампион изгледала многу професионална, ажурна и модерна. Сето ова следено од голем број на фанови на социјалната мрежа “Фејсбук“ (повеќе од 83.000), стои во текстот на Балкан Хандбал за конечниот избор.
Жирито на овој портал како и секоја претходна година вршеше оценување од повеќе аспекти: ажурност, содржина, интерактивност, дизајн на сајтот, односно број на пратење на социјалните мрежи, како и можноста за нивна мобилизација. Ова е прва ваква награда за еден сајт на клубот. Официјалниот сајт пак на женскиот клуб-Вардар се најде на осмата позиција според оценките на жирито.
Во ТОП 10 за сезона 2014/2015 се најдоа ( просечна оцена)
1. РК Вардар 8.90
2. Рк Целје П.Л. 8.70
3. Рк Металург 8.37
4. Рк Марибор 8.30
5. Рк Загреб 8.20
6. Рк Нексе 8.10
7. Жрк Будуќност 7.80
8. Жрк Вардар 7.75
9. Жрк Раднички 7.65
10. Рк Горење 7.55