Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Официјалано !ФК Вардар го промовираше голманот-рекордер Гачевски
Официјалано !ФК Вардар го промовираше голманот-рекордер Гачевски

Официјалано !ФК Вардар го промовираше голманот-рекордер Гачевски

ФК Вардар на својот веб сајт ја потврди информацијата и го промовираше младиот македонски голман Филип Гачевски како четврто засилување за црвено-црните . Истиот заедно со Пачовски , Кобетиќ и Павловиќ моментално го сочинува квартетот голмани на Вардар .Голманот рекорден по изминати минути со непримен гол во ПМФЛ во изјава за клубскиот сајт вели :

За трансферот во Вардар?

Среќен сум што станав дел од најголемиот клуб во Македонија. Ова за мене претсавува нов предизвик. Горд сум што во минатата сезона моите добри настапи и долгите минути без примен гол биле забележани од Вардар и ме ангажираа во своите редови. Тука ќе бидам во следните три години“.

- За конкуренцијата на голманската позиција ?

Во Вардар брани Томе Пачовски, капитенот на репрезентацијата и тоа доволно кажува за каква конкуренција станува збор. Тука се и Кобетиќ и Павловиќ кои имаа добри настапи во минатата сезона. Конкуренцијата е голема, но јас сакам да работам, сакам да се изборам за место во екипата и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата

- За очекувањата од подготовките ?

Утре со екипата заминувам на подготовки во Австрија. Можам да ветам напорна работа. Знам дека во Вардар се работи максимално професионално како во големите европски клубови. Во Австрија ќе ги имаме сите потребни услови за успешни подготовки. Да се подготвиме добро за Лигата на шампионите и за првенството.

- За настапите во Лигата на шампионите ова лето?
Сигурен сум дека добро ќе се подготвиме за тој предизвик. Да се игра во Лигата на шампионите е сон на секој фудбалер. Сите ќе дадеме се од себе да се направи успех во Европа, што е целта на овој клуб. Што се однесува до противникот, сакам да ни падне Скендербег. Мислам дека тоа е тим кој што можеме да го елиминираме.

- За амбициите во следната сезона ?

Вардар е актуелен шампион, и според игрите тоа и го заслужи во минатата сезона. Следната ќе атакуваме да го одбраниме пехарот, но и да атакуваме и на Купот и Супер-Купот. Вардар е најдоброто во Македонија, има најдобар играчки кадар кој може да носи само титули и успеси не само следната, туку и во другите првенства

- За националниот тим на Македонија ?

Роден сум во Словенија, но одбрав да играм за Македонија каде што бев дел од селекцијата до 21 година. Среќен сум поради повикот кој го добив од селекторот Друловиќ за сениорската репрезентација за мечот со Словачка. Не можам веднаш да очекувам дека ќе бранам, но се надевам дека ќе се наметнам и во иднина ќе бидам дел од репрезентацијата.

- За бројот „90“ кој ќе го носи на дресот во Вардар ?

Во 1990 година сум роден. Токму поради тоа го одбрав овој број кој ми е среќа, и се надевам дека така ќе биде и во Вардар.