Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално: Деревен во наредните три сезони ќе го носи дресот на Вардар

Официјално: Деревен во наредните три сезони ќе го носи дресот на Вардар

Како и што најавивме пред долго време, сега станува и официјално. Младиот лев бек на Чеховски Медведи и Руската репрезентација, Александар Деревен во наредните три сезони ќе го носи црвено-црниот дрес. Деревен зад себе имаше одлична сезона во Лигата на Шампионите, каде постигна дури 63 голови, и тоа само во првата групна фаза, со оглед дека неговиот тим не продолжи во елиминацискиот дел. Исто така беше дел од руската репрезентација на последното светско првенство, кое се играше во Катар.

Се работи за одличен млад шутер, чие време допрва доаѓа. Се смета за голема иднина на Рускиот ракомет, чиј потенцијал допрва треба да го покажува. Оваа година е во номинираните за најдобар млад играч во Лигата на шампионите. Деревен ќе биде поддршка за Горбок, Лацковиќ и Лазаров на позицијата лев бек.