Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално, мечот со Борец се игра во Велес од 17 часот, додека во 21 часот во Јане Сандански е свечената церемонија на доделување на медалите и сите освоени трофеи
Официјално, мечот со Борец се игра во Велес од 17 часот, додека во 21 часот во Јане Сандански е свечената церемонија на доделување на медалите и сите освоени трофеи

Официјално, мечот со Борец се игра во Велес од 17 часот, додека во 21 часот во Јане Сандански е свечената церемонија на доделување на медалите и сите освоени трофеи

Официјално, натпреварот од последното коло во најсилната супер лига, помеѓу екипите на Борец и Вардар, сепак ќе се одигра во Велес, не како што објавивме во Јане Сандански. Велешани ќе имаат можност во својата сала да ги видат новите европски шампиони, како и освојувачи на СЕХА-лигата за оваа натпреварувачка сезона. Натпреварот во салата во Велес утре, ќе започне од 17 часот, а на црвено-црните им е потребен триумф за комплетирање на колекцијата трофеи, кој ќе биде нивни рекорден четврти за оваа сезона. По завршување на дуелот, нашите момци со стручниот штаб се враќаат за Скопје, каде за во 21:00 часот е предвидена свечената церемонија на доделување на златните медали и трофејот за освоеното домашно првенство.

Ве повикуваме сите во 21 часот во нашата арена да бидете присутни, во приложување на сите четири освоени трофеи на Вардар во оваа сезона. Најпрво започнавме со освојување на СЕХА-лигата, потоа купот на Македонија, следеше најголемата од пред неколку дена и освоената Европска титула и утре ја чекаме и првенствената, со што сигурно ќе бидеме единствениот спортски колектив со четири трофеи за една сезона.