Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најпрестижните шпански весници, пишуваа за пречекот на ракометарите по освојување на трофејот во ЛШ
Најпрестижните шпански весници, пишуваа за пречекот на ракометарите по освојување на трофејот во ЛШ

Најпрестижните шпански весници, пишуваа за пречекот на ракометарите по освојување на трофејот во ЛШ

Пречекот на ракометарите на Вардар по освојување на Европската титула, одекна на големо и во Шпанија, земјата која дава четири Вардарови играчи, на чело со командандот, Раул Гонзалес. Најпрестижните спортски весници во оваа земја, “Ел Мундо Депортиво“ и “АС“ пишуваа за вчерашните случувања во нашата земја и за пречекот на ракометарите од страна на народот во Македонија.

-За мала земја како Македонија, освојувањето на титулата европски шампион претставува национален празник, експлозија на радост која ги надмина сите очекувања. Доаѓањето на хероите извади на улиците 100.000 лица. Ова е огромна бројка, ако се земе во предвид дека Македонија има нешто повеќе од 2 милиони жители, напиша „Ел Мундо Депортиво“.

vardarfans-vesnik

-Околу пладне, околу 100.000 лица учествуваа во дочекот на тимот, кој со авион пристигна од Германија. Потоа, со отворен автобус ракометарите се упатија кон плоштадот, притоа отпоздравувајќи со фановите кои беа насекаде покрај патот. Шпанските репрезентативци беа ѕвезди на забавата, нашиша весникот “АС“.