Вчера, кадетската македонска ракометна репрезентација во салата „Борис Трајковски„ имаше успешна генерална проба пред настапот на Светското првенство (СП) кое ќе се игра во нашата земја.
Црвено-жолтите момци славеа над Чиле со 32-26, овој триумф е важен пред почетокот на светскиот ракометен собир во Скопје. Првиот дел беше релативно рамноправен, па на одмор се замина со резултатска симетрија 12-12. По почетните минути во вториот период во кој продолжи тој тренд, отпорот на јужноамериканската селекција се скрши во последните петнаесетина минути од мечот.
Од вардарци, голманот Марко Кизиќ имаше 8 одбрани, покрај тоа погодија и уште двајца вардарци. Ален Ќосевски дуелот го заврши со два гола, Карапалевски Мартин беше стрелец на еден повеќе, односно три.