Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар како “брз воз“ низ Загреб, нова победа на европскиот првак
Вардар како “брз воз“ низ Загреб, нова победа на европскиот првак

Вардар како “брз воз“ низ Загреб, нова победа на европскиот првак

Вардар вечерва дојде до својата петта победа, во рамките на најсилната група А од Лигата на шампионите. Европскиот шампион лесно и убедливо триумфираше над ППД Загреб со резултат 23-29 (10-15). Следната недела Вардар дома го пречекува тимот на Рајн – Некар.

Тимот на Вардар одлично го одигра првиот дел во Загреб, нашите момци предводени од извонредниот Штебик на полувреме имаа висока и комотна предност од плус пет погодоци. Првите 5. минути од натпреварот минаа во знакот на Вардар, нашиот тим постигна два а не прими ниту еден погодок. На средината на првиот дел, односно во 15. минута преку пеналот на Чупиќ, Вардар дојде до највисоки плус три 5-8. Следуваше серија на одбрани на Штербик, на спротивната страна Карачиќ погоди во 22. минута за веќе високи 6-12. До крајот на првиот дел Вардар имаше мини криза, со неколку неискористени напади, но за среќа Штербик беше одличен и спречи намалување на предноста. На полувреме се замина со резултат 10-15, Борозан и Чупиќ постигнаа по четири погодоци во првиот дел, Штербик имаше дури 13 одбрани.

Во вториот дел влеговме како и во првиот со наша доминација, по минути со голот на Канелас водевме со 11-18. Следеа неефиаксни пет минути во 10.минута на семафорот во Загреб стоеше 13-19. Во тој момент Штербик имаше 15 одбрани од 28 удари кон неговиот гол, односно имаше над 50% одбрани. Ние успеавеме да се одлепиме во продолжение на девет гола, во 17.минута поведовме со високи 15-24  по што Каменица побара минута одмор. Следеше мини серија на Загребчани 4-1, со која намалија на 19-25 на нецели 10 минути до крајот на овој дуел.  Таа серија ја прекина Борозан со “бомба“ во мрежата на домаќинот. Користејќи ги украдените топки на нашата одбрана поради нападот на загребчани 7 на 6 нашите момци повторно отидоа на плус девет, со голот на Дибиров поведовме со 19-28 на четири минути до крајот. До крајот на дуелот се беше формалност, Вардар победи со високи 23-29 и покажа зашто е Европски владетел.

Кај нас најистакнат поединец вечерва беше Штербик со 18 одбрани, хрватот Чупиќ имаше 7 гола, а Борозан постигна 6.