Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лакрабер: Имавме и лошо периоди, но кога беше најпотребно бевме најдобри
Лакрабер: Имавме и лошо периоди, но кога беше најпотребно бевме најдобри

Лакрабер: Имавме и лошо периоди, но кога беше најпотребно бевме најдобри

Oдлично прво полувреме, криза во вториот дел и лоши судиски одлуки на директна штета на Вардар, вака денеска може да се искоментира дуелот во Унгарија на ФТЦ и Вардар. И покрај се, Вардар остана несовладлив, нашите девојки победија во Унгарија со 28-29 (12-16) за теоретски да си го обезбедат првото место во својата група и 100% учинок. Еден од главните фактори на овој меч беше Лакрабер, нашиот играч постигна неколку клучни голови во вториот дел. По мечот Лакрабер изјави:

„Го надигравме ФТЦ на гостински терен. Игравме без Лекиќ, но одбраната беше навистина добра. Затоа и ни беше полесно да водиме во текот на средбата. Имавме и лошо периоди, но кога беше најпотребно бевме најдобри” – изјави Лакрабер.

Французинката постигна пет погодоци денеска.