Во последниот месец од 2018 година, медија тимот на СЕХА-лигата го избра најдобриот тим за месец декември. За најдобар тренер на месецот во СЕХА-лигата е прогласен Гарсија Парондо. Црвено-црните во декември одиграа четири натпревари и сите ги добија во своја корист.
Во идеалниот тим се најдоа уште и Игор Чуприна ( Татран Прешов), Милош Грозданиќ ( Војводина), Александер Шпенде ( Металург), Томи Возаб ( Нексе), Симе Ивиќ ( Брест Мешков), Дарко Џукиќ ( Брест Мешков), Леон Шушња ( ППД Загреб), додека рековме најдобар тренер е Гарсија Парондо.