Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Скубе: Среќни сме за победата
Парондо и Скубе: Среќни сме за победата

Парондо и Скубе: Среќни сме за победата

Вардар успеа да слави на последниот меч за оваа календарска година. Нашиот шампион славеше на гостувањето кај екипата на Стеауа од Букурешт, со резултат 30:34. Вардар уште по првото полувреме наметна висока предност, која беше решавачка за конечната победа. Иако настапивме со комбиниран состав, сепак се покажавме како пресилни за противникот. На прес-конференцијата пред медиумите своите впечатоци ги сподели тренерот Парондо кој го изјави следново:

-Среќен сум поради оваа победа. Игравме навистина добро во првото полувреме кога направивме висока предност од 11 голови разлика. Малку ја сменивме нашата одбрана во вториот дел, период кога сите играчи добија шанса за игра. Честитки за  екипата на Стеауа за добрата игра во второто полувреме.

Краток на прес-конференцијата беше Стас Скубе кој само го надополни својот тренер:

-Тренерот кажа се. Јас сум навистина среќен за денешната победа. 

Вардар остана на првото место на табелата со ист број на бодови, како и екипата на ППД Загреб.